Во Аеродром група малолетници среде ноќ напаѓале, но и фрлале со јајца по минувачи
2026-03-16 - 11:56
Среде ноќ група малолетници во скопски Аеродром нападнале три лица, притоа фрлале по нив и јајца. На 15.03.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром М.Б.(22) од Битола, Б.Ќ.(23) од Струмица и Б.С.(20) од Скопје биле физички нападнати од група од малолетници, кои исто така ги удирале и со јајца, информираа од полицијата за овој инцидент. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Share this post: