Проекција на „Павилјон“ вечерва во Кинотека
2026-03-03 - 09:47
The Pavilion / Paviljon Дино Мустафиќ / БиХ, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора / 2025 / 100 мин По години понижување и злоупотреба, жителите на Павилјонот, дом за стари лица, започнуваат бунт. Наоружани по нелегален пат, го заземаат домот, го држат персоналот како заложници и влегуваат во судир со властите. Нивната очајничка борба прераснува во политички и медиумски спектакл, а староста им станува предност: немаат што да загубат и подготвени се да се борат до самиот крај. Во Павилјонот се воспоставува нов поредок, воден од жед за одмазда и наталожен гнев, па секој обид за преговори со бунтовниците станува невозможен. Проекции Вторник, 3 март20:00 РежисерДино Мустафиќ Година2025 ЗемјаБиХ, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора Времетраење100 мин Возрасна категорија14+ ФорматDCP