TheNorthmacedoniaTime

Ѓорѓиевски: Обврска е да создадеме средина во која технологијата ќе биде простор за знаење, креативност и развој

2026-03-06 - 11:06

Градоначалникот на Град копје Орце Ѓорѓиевски, на покана на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Станува збор за едукативна содржина наменета за најмладите, која на едноставен, разбирлив и близок начин ја доближува важноста на дигиталната писменост, како и потребата од безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот. Ѓорѓиевски додаде дека во време кога децата сè порано влегуваат во дигиталниот свет, наша заедничка обврска е да создадеме средина во која технологијата ќе биде простор за знаење, креативност и развој, а не извор на ризици. Токму затоа ваквите иницијативи имаат особено значење, да ја поттикнат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со цел побезбеден интернет за секое дете. -Анимираниот филм ќе биде достапен за прикажување во сите училишта низ Македонија, а можност за негово емитување ќе имаат и телевизиите, со што пораката за дигитална безбедност ќе стигне до што поголем број деца и семејства, изјави Ѓорѓиевски. Голема благодарност до Министерството за дигитална трансформација за посветеноста и заложбите кон политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации, потенцира Ѓорѓиевски.

Share this post: