Кремљ предупредува дека војната со Иран не смее да стигне до Касписко Море
2026-03-24 - 11:45
Русија „исклучително негативно“ гледа на секоја ескалација на иранскиот конфликт кон Касписко Море, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој, одговарајќи на прашање за моменталната состојба на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, наведе дека Москва била сведок на контрадикторни изјави од двете страни. Песков посочи дека Иран покажал подготвеност и отвореност за преговори со САД до самиот почеток на американско-израелските напади врз Техеран на 28 февруари. – Иран го потврди тоа во пракса. И всушност, до последниот момент, до почетокот на непријателствата, до првиот напад врз Иран, Техеран остана отворен за продолжување на преговорите. И преговорите напредуваа доста успешно, истакна Песков. И шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во телефонскиот разговор со ирански колега Абас Арагчи исто така изрази загриженост за ескалацијата на американско-израелската војна против Иран во Касписко Море.