Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
2026-03-04 - 07:37
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 3. седница на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот. Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење – седниците да се пренесуваат во живо. Пред уставните судии, на дневен ред се повеќе иницијативи меѓу кои и иницијативата од Уставен суд на РСМ, со која се оспорува член 14 во делот „претседател на уставниот суд на Република Македонија и” и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија,” од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.