Новиот обвинител Савески даде свечена изјава, рече дека нема политички товар и дека ќе работи согласно Уставот и законите
2026-03-19 - 13:44
Новиот државен обвинител Ненад Савески денеска дадe свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и официјално стапи на функцијата, откако вчера доби поддршка од пратениците со 66 гласа за, двајца против и осум воздржани. Савески истакна дека функцијата е голема одговорност за него и апелираше до јавните обвинители да ја извршуваат својата работа, бидејќи, како што рече, таа ниту почнува ниту завршува со него. Државниот обвинител нагласи дека ќе работи врз основа на Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди и верува дека Јавното Обвинителство ќе ги исполни очекувањата на граѓаните. „Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет“, рече Савески. Тој истакна дека не го интересираат интересите на политичките партии, како и дека не чувствува политички товар. Тој го коментираше и бројот на гласови кои ги доби на седницата за неговиот избор, односно, фактот дека опозициските пратеници не ми дадоа поддршка. Савески рече дека без оглед на тоа колку гласови добил, неговата одговорност секогаш ќе зависи од Уставот, законите и меѓународните документи. Фото: Јавно Обвинителство Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител и одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска. Тој се сретна и со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.