Женски хор од Шведска ја испеја „Скопје“ од „Леб и сол“ на концерт во Стокхолм
2026-02-17 - 17:47
Женски хор од Шведска на концерт во Стоокхолм ја испеја „Скопје“ на македонската група „Леб и сол“, а видеото од настапот беше споделувано на социјалните мрежи. Хорот „Братства и детињства“ е формиран пред неколку години по иницијатива на српската пејачка и композиторка Кристина Ковач, ќерка на славниот композитор Корнелија Ковач, која живее во Шведска. Во ансамблот членуваат 51 жена од различни националности и еден маж. Повеќето членки се на возраст меѓу 40 и 50 години.
Share this post: