Повеќе од половината Американци се противат на нападите против Иран
2026-03-02 - 21:37
52% од Американците не ги поддржуваат нападите врз Иран, додека 39% ги поддржуваат, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци од сопствената анкета преку СМС. Резултатите од анкетата покажуваат дека нивото на поддршка кај републиканците е 81% (12% против), додека кај демократите е 9% (87% против).
Share this post: