Вооружен инцидент во училиште во Тајланд
2026-02-11 - 15:49
Тајландската полиција денеска уапси 18-годишно момче кое упадна во училиште, отвори оган и зеде заложници. Напаѓачот влезе во едно училиште во градот Хат Јаи и отвори оган, при што се повредени еден ученик и еден наставник. Полицијата ги ослободи сите заложници. Вооруженото насилство во Тајланд не е невообичаено. Во 2022 година поранешен полицаец упадна во детска градинка и уби 36 лица, од кои 22 деца.
Share this post: