Полицаец вработен како обезбедување во Собранието доби кривична пријава бидејќи возел без дозвола
2026-02-26 - 12:27
Полицаец од службата за обезбедување во Собранието на Македонија доби кривична пријава бидејќи возел без возачка дозвола. Тој бил фатен како управува возило БМВ, кое било негова лична сопственост во центарот на Скопје, иако немал положено возачки испит. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство против полицаецот А.Б. заради безобѕирно управување со моторно возило. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, кое по наредба на јавен обвинител е одземено. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, информираат од МВР