Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје: Физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа
2026-03-08 - 13:48
На 07.03.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно. На 07.03.2026 во 07:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише. На 07.03.2026 во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош фиизчки ја нападнал неговата 52-годишна сопруга. На 08.03.2026 во 11:35 часот во Пoлициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка. На 07.03.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршија службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа. Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе следуваат соодветни пријави.