Мицкоски за автопатот Кичево-Охрид: Како што ветивме, така ќе го пуштиме во употреба
2026-03-29 - 18:03
Според премиерот Мицкоски, завршувањето на автопатот Кичево – Охрид продолжува со средства кои ЈПДП ќе ги позјами од домашните банки. Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата, очекуваме двоцифрен раст на патници -Од некакви причини финсирањето од кинеската банка е прекинато и ние бевме известени за тоа, но се снајдовме. Се обезбеди доволна сума за да го завршиме овој проект. Како што ветивме, така да го пуштиме во употреба. Истото се случува и со останатите автопати. Од за мене неразбирливи причини на почеток, автопатите кои се дел од коридорите биле префрлени во Министерството за транспорт наместо во ЈПДП. Со измени на законот се вратија каде што припаѓаат. Има динамика на реализација од компанијата изведувач. Таму освен авансот што беше исплатен, ништо друго не беше направено, но благодарение на експресната акција на Министерството за транспорт, потпретседателот на Владата и директорот на ЈПДП, завршени се 90 проценти од работите што зависат од државата. Сега останува добра организација од страна на изведувачите и таа работа да се заврши. Можеби ќе треба рокот малку да се пролонгира, но важно е дека и таа целина ќе се заокружи, истакна Мицкоски.