Турција се обидува да ги спречи земјите од Персискиот Залив да влезат во војната против Иран
2026-03-26 - 18:24
Турција спроведува активна дипломатија со цел да ги спречи арапските монархии од Персискиот Залив да се приклучат на војната против Иран, објавува „Блумберг“. Според изданието, официјална Анкара стравува дека вклучувањето на арапските држави од Блискиот Исток во борбени активности против Иран може да доведе до тотална војна, што би го загрозило целиот поширок регион. „Волстрит џурнал“: Саудиска Арабија и ОАЕ се поблиску до влегување во војната против Иран Со цел да ја деескалира ситуацијата, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан веќе ги посети Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар, а имал и телефонски разговори со раководството на другите држави од Блискиот Исток.
Share this post: