TheNorthmacedoniaTime

Еден црн и еден белоглав мршојадец угинале во близина на Кавадарци

2026-02-23 - 12:07

Еден црн и еден белоглав мршојадец угинале викендов во близина на Кавадарци, информираа од Македонското еколошко друштво. Двете птици се пренесени на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје на понатамошни лабораториски анализи преку кои ќе треба да се утврдат причините за угинувањето. Од МЕД велат дека еден од мршојадците имал ГПС-локатор кои го следеле од бугарскиот Фонд за дива флора и фауна, благодарение на што е утврдена локацијата на угинување. „По дојава од бугарските колеги викендов на терен го констатиравме угинувањето на еден црн и на еден белоглав мршојадец, на висорамнината Витачево во атарот на селото Гарниково. Ваквите случаи се секогаш непријатни. Истовремено, се потврда за ефективноста на ГПС-локаторите и за важноста на меѓународната соработка. Согласно протоколот, ние и денес сме на терен за да се осигураме дека нема други угинати птици. Штом резултатите за причините за угинувањето бидат официјално познати, ќе излеземе со подетални информации“, посочуваат од МЕД.

Share this post: