Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
2026-03-02 - 20:36
На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Share this post: