Мицкоски и Руте разговарале за актуелните безбедносни предизвици
2026-03-03 - 18:07
Попладнево премиерот Христијан Мицкоски се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана, објави Мицкоски на социјалните мрежи Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност, додаде Мицкоски.
Share this post: