TheNorthmacedoniaTime

Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ прикажан на ТВ Корча

2026-03-17 - 13:24

Телевизија Корча го емитуваше документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, посветен на традициите, културата и обичаите на Македонците во областа Општина Пустец, Мала Преспа. Филмот претставува сведоштво за богатото културно и духовно наследство на македонската заедница во овој регион, прикажувајќи го животот на локалното население, нивните вековни традиции, народни носии, песни, обичаи и семејни вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација, објави весникот „Македониум”. Преку сведоштва на жители од Мала Преспа, како и преку автентични кадри од селата во Општина Пустец, документарецот ја истакнува важноста од зачувување на македонскиот јазик, културниот идентитет и традиционалниот начин на живот на Македонците во Албанија. Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ е реализиран од Центарот КАЗУС, со поддршка на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество, како дел од напорите за промоција и зачувување на културното наследство на македонската заедница во Албанија.

Share this post: