Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
2026-03-16 - 16:47
Скопската Зоолошка градина доби ново бебе пингвин. Информацијата ја споделија од ЗОО Скопје на нивната Фејсбук – страница. Викендов во ЗОО Скопје повторно имавме причина за радост, се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче“, велат од Зоолошката градина. Во објавата се вели дека на споделеното видео може да се види како мајката Лила ги храни бебињата. Таа јаде риба, ја џвака и така подготвената смеса им ја дава на малите, што е природен начин на исхрана кај пингвините. Скопје ЗОО продолжува да биде една од најуспешните зоолошки градини во регионот во размножувањето на загрозениот вид хамболт пингвини“, додаваат од Зоолошката градина.