“Цивил“ на Џабир Дерала ги коментира превирањата во СДСМ: Со пијана посада, насред разбранувано море
2026-03-19 - 10:32
„Цивил“, медиумот на Џабир Дерала направи анкета за превирањата на СДСМ откако Петре Шилегов најави иницијатива за смена на лидерот Венко Филипче. Поддржувачите на Дерала и на СДСМ опишуваат состојбата во СДСМ како „брод без кормило, со пијана посада, насред разбранувано море“. „Оваа внатрепартиска битка ми асоцира на битка за власт, пари и уште пари“, наведува граѓанин, посочувајќи дека конфликтите се водат од лични, а не од идеолошки причини, коментираат читателите на Цивил. Извор: civilmedia.mk
Share this post: