TheNorthmacedoniaTime

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена

2026-03-24 - 12:05

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека неопходни се институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи. За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло што нема закон за уставен суд. Значи, шест уставни одредби и акт на судот. Толку. Правната рамка е таа. Неопходно е тие шест уставни одредби да се операционализираат со закон, но не било каков закон. Двотретински закон за да ја гарантира самостојноста и независноста, но и за тоа е потребна уставна измена. Значи, и за закон треба уставен основ за таков закон, што ќе се носи со двотретинско мнозинство, и за воведување на уставната тужба потребни се уставни измени, но, како што кажа и претседателот на владата, кај нас отварањето на уставот е секогаш чувствително прашање и тема, и затоа конечниот заклучок, барем според мене, е дека кога ќе се создадат услови, тогаш и ќе пристапиме кон таква институционална реформа“, изјави Костадиновски. На прашањето кога ќе се создадат услови, премиерот Мицкоски изјави дека промената на Уставот е политичка тема и дека во моментот владата не размислува за отварање на Уставот. Промена на Устав е политичка тема. Која што во случајов вклучува правна тема, односно потребата да конечно Уставниот суд некако добие своја тежина во самиот Устав, замислете Уставен суд нема своја тежина во самиот Устав. Од првиот момент на осамостојување до денес ова се провлекува. И сега ние сме дојдени до ситуација кога тоа што претставува товар на минатото треба да го решаваме и ќе го решиме кога ќе се создадат политички услови. Сега во моментот такви политички услови не се создадени. Еве да бидам попрецизен. Претпоставувам дека самиот Уставен суд веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на тој специјален закон, којшто ќе ги опфати и овие институти како што е Уставната тужба и така натаму. Така што, се надевам дека наскоро денеска може да се излезе со таков предлог закон, да се има јавна дебата, да се слушне и мислењето на јавноста, на стручната јавност, на останатите би рекол стејкхолдери и нормално да имаме еден готов документ којшто, како што рековме, кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде апсолутно донесен. Но ќе повторам, во моментот владата не размислува за отварање на Устав и политичките услови за отварање на Уставот не се исполнети“, изјави Мицкоски.

Share this post: