Ова се компаниите кои останаа без лиценца за одгледување канабис
2026-02-24 - 18:57
На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Ова се компаниите останаа без лиценца и од која причина е донесена таква одлука. Alphafarm – констатиран кусок на сув цвет, необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор. Green Life – констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба. CBD Medplant – кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт). Life Plant – недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет. Ata Farm – непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор. Kanabinoids – неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).