TheNorthmacedoniaTime

Пронајдени се човечки коски и облека во скопското село Горно Количани

2026-02-14 - 11:48

Во близина на скопското село Горно Количани биле пронајдени коски кои наликуваат на човечки, а во непосредна близина и парчиња облека, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во четвртокот во 16:49 часот во СВР Скопје, откако на локација позната како „Сулејманови ливади“, во атарот на селото Горно Количани, биле забележани посмртните останки. На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, по што коските биле подигнати за понатамошна постапка и вештачење. Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на околностите под кои настанал настанот.

Share this post: