Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: Соседите слушнале силна детонација, пејачот спиел со жена му, таму била и ќерката
2026-02-03 - 11:28
Познатиот пејач Здравко Чолиќ, врз чија куќа рано утринава е фрлена бомба, според неофицијални информации, во моментот на нападот спиел дома, а во куќата била присутна и една од ќерката. Според првите информации, нема повредени, но е причинета голема материјална штета на објектот. Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокирале приодите кон домот на пејачот, а истрагата ја спровеле на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград. Форензичарите собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор за да го идентификуваат напаѓачот. Соседите опишуваат дека слушнале „страшна детонација“ што ги вознемирила жителите на овој дел од градот.
Share this post: