Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје, се стекна со сертификат за акредитација – висок степен
2026-03-17 - 16:23
ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација – висок степен на исполнетост на стандардите за обезбедување квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ). Согласно спроведеното надворешно оценување, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за примена на оптималното ниво на однапред утврдените национални стандарди за работа на здравствените установи, ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација во важност од три години. Националните стандарди на акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологијата на ISQua (The International Society for Quality in Health Care ) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа. Акредитацијата во здравствени установи се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствена заштита. ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје како најголем национален и регионален центар покажа висок степен на исполнетост на стандардите кој овозможуваат квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања. Клиниката покажа дека се стреми кон постепено воспоставување на модерна педијатриска интензивен нега во третманот на најтешките пациенти, како и кон континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, со посебен акцент на нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа. Главните вредности ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле: · Обезбедување на квалитетна здравствена заштита за семејствата во топла и подржувачка средина. · Тимската работа која се рефлектира во функционирањето на установата како целина во која секој вработен се вреднува како непроценлив човечки капитал со постојано унапредување на знаењето и вештините преку континуирана медицинска едукација и стручно усовршување. · Создавање на нови граници во педијатриска нега, истражување и образование. · Соработка со давателите на основните здравствени услуги. · Застапување на децата и поддршка на улогата на семејството. · Едукација на пациентите и родителите за превенција, самолекување и самопомош. · Обезбедување на здрава работна средина во која се почитува различноста и ги потгикнува вработените да го достигнат својот целосен потенцијал. · Потикнување на култура која ја наградува иницијативата, континуираното учење, донесувањето одлуки и тимската работа. · Демонстрирање на вредности преку одговорно управување и контрола на трошоците.