TheNorthmacedoniaTime

Кој ќе го допие вискито во СДСМ?

2026-03-19 - 08:43

СДСМ навистина да ти биле демократска партија. Кој ќе се побуни против неговото височество Венко одма му го удираат сатарот. Деспотовски, Богдановиќ и сега на ред дојде Шилегов. Како на времето што ги праќале на Голи Оток, така сега, прекиот суд на Бихаќка по брза постапка дели пресуди. И тоа на денот кога цела Македонија тажеше по жртвите од пожарот во Кочани. Кажеш ли нешто одма исклучување. Ете Петре Шилегов во живо на телевизиска емисија дозна дека е исклучен од СДСМ затоа што најави инцијатива за менување на лидерот. Петре се свести дека СДСМ станале пеета партија во главниот град, а трета во Македонија. Уште и спомена дека во СДСМ некои се по дрогата а некои по кешот. Баш ме чуди, СДСМ не се по такви работи, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Не дека Венко не е за менување, ама ако замената на Филипче е екипата на Шилегов, господ да им е напомош на СДСМ и долги години опозиција. Неделава не му се погоди на Венко Кој стигне го демантира за тоа дека во Македонија ќе дошле мигранти и ќе се градат кампови Да ти е жал да го зезаш. „ 5 минути со Чавез“: Какви времиња, Филипче и Шилегов станаа најголеми „вмровци“ Дури и британскиот амбасадор му повтори., не не се планирани никакви кампови. Ама еве ако толку сака кампови ,Венко може да направи камп за овие инфлуенсеркиве и старлетиве што се вратија од привремена работа во Дубаи. Нема подобра локација за ваков камп од струмичките ниви засадени со трава. Откако Владата најави дека ќе се одземаат лиценци за мирихуана, ќе се ослободи простор еееее. Да ја направиме Струмица како Дубаи, ако не и поубава. Уставнииот суд не поведе постапка за Сејф Сити. Што се вика камерите се законски. Каква е оваа дискриминација . Па нели Арбен Таравари и Зијадин Села тврдеа дека тие биле насочени кон Албанците, најмногу камери имало во Чаир а згора на тоа таблите не биле на албански јазик и казните требало да стигнуваат по пошта а не на мобилен телефон. Онаа пошта што нивниот коалциски партнер ДУИ ја уништи па поверојатно е дека ќе добиеш седмица на Лото отколку некое писмо или пратка од пошта. Туку сега ми текна, Артан Груби има изјавено дека Али Ахмети не користи смарт телефон туку обична Нокиа 33 10. Абе за тоа да не се врати Груби?. Да му ги чита казните што ќе му дојдат на Али на ЏЕМАИЛ ТОЧКА КОМ, СО МАЈМУНЧЕ. ДУИ им sе многу љути на Уставниот суд. Од што им се лути дури ги цинкарат кај дипломатите. Бараат судот одлуките да ги носи со Бадентер. Просто кажано, што има врска дали некој закон е уставен или неуставен, ако не се сложат судиите Албанци не важи. Арбр Адеми дури и побара претседателот Дарко Костадиновски да си поднесе оставка. Еее штом командант филџани бара тогаш треба да си поднесе оставка. Од ДУИ уште и велат дека Уставниот суд станал параполитичка институција. Параполитчки беа сите министерства, судови и обвинителства додека вие бевте на власт, а овие на кои сега им пишувате писма ве поддржуваа. Тој воз помина. Уставните судии со одлуките што ги носат во последно време покажуваат дека има надеж за нашето два и пол посто судство. Кадарот на СЈО Ленче Ристовска не стана ни јавен обвинител, откако претходно не стана ни судија во Стразбур. Нема што не стана. И оваа гарант е дискриминирана. Ленче вели дека подобноста не требало да биде критериум за избор. Ова како за себе да го зборува. Додека беше дел од СЈО Ристовска ја докажа подобноста кон оние кои ја рушеа демократијата во Македонија и кои со прислушувани разговори креираа монтирани судски случаи а чија крајна цел беше промена на името што и се случи на крајот. Туку да ја прашам Ленче, ја носи уште таа маичката СЈО со трите грации, едно време беше хит, ама сега излегоа од мода. Барем за по дома, за спиење, или за бришење прашина,коментира авторот на емисијата. Еден Петар, кој да ти бил член на Извршниот одбор на СДСМ, познат само на домашните, вели дека македонските граѓани плаќале високи сметки за струја поради криминал во РЕК Битола. Ако не па да го вратиме Васко Ковачевски. Замислете СДСМ зборува за криминал во РЕК Битола. Па нивиот кадар е во бегство токму за криминал во РЕК Битола вреден шет и пол милиони евра. Васкоо јави се од некоја плажа, исклучи им ја струјата на овие од СДСМ , џабе ја трошат. За крај се јави и Стево Пендаровски, ви текнува кој беше тој. Загрижен е што со законот за јазици можело да се укине албанскиот јазик во Македонија. Јас пак мислев дека ќе се загрижи за Македонците и македонскиот јазик во Бугарија и Грција. Во СДСМ Македонците им се на последно место.

Share this post: