TheNorthmacedoniaTime

Да биде повнимателен: Гаши го искара претседателот на Уставниот суд Костадиновски

2026-03-16 - 14:07

Одговарајќи на прашање за изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Гаши нагласи дека секој носител на функција треба да биде внимателен во давањето изјави. – Како политичар и како раководител на една битна институцијата, како што е Собранието, никогаш не влегувам и се обидувам да не влегувам во конфликт со никоја институција, ниту со политичар ниту носител на јавна функција. Секогаш сум повикувал на внимателност во давање изјави особено кога се работи за меѓуетнички односи. Сите треба да бидеме внимателни, затоа што тие се фрагилни и се столб на стабилноста на оваа држава – рече тој. Во врска со изјавата на Костадиновски во која вели дека „Собранието е уставно недисциплиниран орган и затоа Уставниот суд повеќе нема да толерира непочитување на неговите одлуки“, Гаши потенцира дека законодавниот дом ја извршува функцијата по Устав, закон и Деловник. -Секоја институција, особено едно од најбитните Уставниот суд и Собранието, за кои Уставот има одредено јасни компетенции и ингеренции треба да ја врши својата функцијата врз основа на Уставот и законите. И ние се обидуваме таа функција да ја извршуваме по Устав, закон и Деловник. Исто така и на него и на сите носители на јавни функции им го препорачувам истото. Секој да се грижи за својата институција. Нормално е и треба да се грижиме и за другите. Можеме да дадеме критики едно на други, демократско општество сме, рече тој.

Share this post: