TheNorthmacedoniaTime

Министерот за надворешни на Оман: Иран се согласи на „нула залихи со збогатен ураниум“, а следниот ден беше нападнат од Израел и САД

2026-03-01 - 17:37

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад Ал Бусаиди, објави дека за време на последните разговори, во кои посредуваа Оман, иранската делегација на преговорите со САД се согласила со барањата на САД, вклучително и „нула залихи со збогатен ураниум“, а веќе следниот ден, Израел и САД го нападнаа Иран. Иран се согласи никогаш да не акумулира нуклеарен материјал способен за производство на бомба, изјави министерот за надворешни работи на Оман, за Си-Би-Ес њуз. обврска што ја опиша како „сосема нова“ и надвор од нуклеарниот договор од 2015 година. Според договорот што бил пред прифаќање, Иран ќе одржувал нула залихи од збогатен материјал, постојните залихи ќе бидат намалени и ќе биде спроведена целосна верификација од меѓународната агенција за нуклеарна енергија МААЕ. Договорот бил постигнат, а потоа почна бомбардирањето врз Иран.

Share this post: