ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме нападите врз новинарот Видиновски кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам
2026-02-03 - 19:18
Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Share this post: