Посетители на Зоолошката украле пола од поклоните за мајмунчето Мики кое славеше прв роденден
2026-03-21 - 11:52
Негувателет на животни во Зоолошката градина во Скопје, Војо Иванов, објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмунче, што тоа ги добило по роденденска прослава. Иванов на социјалните мрежи информира дека бил организиран роденден за мајмунот Мики, но наместо настанот да помине во позитивна атмосфера, повеќе од половина од подароците биле украдени од посетителите. Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша Иванов. Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за настан организиран за животно, а подароците биле наменети за негова грижа и збогатување на средината во која живее.