TheNorthmacedoniaTime

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“

2026-03-15 - 19:27

Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, утре, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Од претпријатието посочуваат дека со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“.

Share this post: