TheNorthmacedoniaTime

Трајков: Ќе останеме посветени на реформите, унапредувањето на европските стандарди и градењето стабилно партнерство со Франција

2026-03-27 - 13:03

Како заменик-министерката за европски прашања ќе продолжам да ја зајакнувам соработката со нашите европски партнери, напиша на својот фејсбук профил заменик министерката Викторија Трајков. На денешната средба со француската делегација предводена од Филип Маршето, како и претставници од француското Министерство за Европа и надворешни работи ги потврдивме заедничките заложби за поддршка на европската перспектива на Македонија. Ќе останеме посветени на реформите, унапредувањето на европските стандарди и градењето стабилно партнерство со Франција во насока на нашето членство во Европската Унија.

Share this post: