Посетете го „Михајлово“, патеките се одлично подготвени
2026-02-01 - 17:09
Наврна 20 сантиметри свеж снег во ски-центар „Михајлово“, има одлични услови на патеките, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Ски-центар „Михајлово“ денеска во вистинска зимска атмосфера. Свежата снежна покривка, овозможува одлични услови на патеките. Февруари започна со стабилен снег и пријатна дневна програма, коктели, голем број посетители и позитивна енергија низ целиот ски-центар, соопшти Јанчев. Тој подвлече дека патот до центарот е безбеден и прооден. – Во раните утрински часови, зимската служба интервенираше на расчистување на новиот снег во Михајлово. Сообраќајот се одвива непречено, патот е чист и прооден, додаде Јанчев.
Share this post: