Во Собранието денеска пратенички прашања
2026-01-29 - 07:34
Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања. Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.
Share this post: