2026-03-08 - 12:06
Со многу музика, емоции и одлична атмосфера, актерот Драган Спасов – Дац и музичарот Александар Митевски викендов во Македонскиот народен театар го одржаа првиот од двата концерти насловени „Дамите бираат“, посветени на Денот на жената – 8 Март. Пред преполната сала публиката пееше заедно со дуото и нивните гости, а вечерта ја одбележаа настапите на легендарната пејачка Виолета Томовска и Росана Сариќ-Тодоровска. Томовска ја крена публиката на нозе со својот голем хит „Молитва“, додека Сариќ-Тодоровска заедно со публиката го испеа евергринот „Признавам“. Концертот траеше повеќе од четири часа, а музичкото дружење започна во лобито на театарот, продолжи на сцената и заврши повторно со дружење со публиката. Дуото Дац и Александар синоќа одржаа и втор концерт во Македонскиот народен театар, кој исто така е распродаден