Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
2026-03-07 - 12:07
Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но тоа нема да значи покачување на цените, туку утврдување на односите поврзани со наплатата, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На прес-конференцијата, по потпишувањето на Договорот со Министерството за здравство за изградба на паркинзите во комплексот клиники „Мајка Тереза“, Ѓорѓиевски напомена дека Градот предвидува изградба средства за монтажни паркиралишта и во Аердором, Капиштец, Кисела Вода, како и на многу други места. -Во првата фаза ќе предвидиме одредени средства за монтажни гаражи, а приоритет ќе бидат паркинзите на Клинички, но не ја исклучувам можноста дополнително да се распише постапка за изградба на паркиралишта на други позиции, истакна градоначалникот, одговорајќи на новинарски прашања. Знам дека се е поскапено изминатие години, многумина ми велеа кога станав градоначаник дека треба да ги покачиме цените, но јас сум избран од граѓаните, треба да направам рална проценка на финсиската состојба и можностите на граѓаните. Не сум за сега да се покачат цените, ниту сум ветил, ниту такво нешто ќе направам. Цените за паркинг на Клинички ќе останат исти, нема да бидат променети. Воведовме нови групи – онколошки пациенти кои дополнително ги ветнавме и тие бесплатно ќе ги користат услугите. За одредени граѓани кои имаат одредени дијагнози, ќе има целосно ослободување, потенцира градоначалникот. Тој е дециден дека е многу важно да се расчисти влезот на Клинички од возила. -Ако не го ослободиме влезот со возила паркирани од страна кои ја оневзоможуваат Брзата помош да се движи и излезот на Болницата, сметам дека не сме ја завршпиле работата како што треба. По изградбата на двата паркинга, ќе бидеме подготвени веднаш да интервенираме со трето паркиралиште, но тоа ќе го покаже проценката по употребата на двата паркигна. Не сакам да инвестираме непотребно на Клинички, ако може да интервенираме на друго место. Просторот кај поранешната модуларна болница во рамки на Клиничкиот центар, е една од опициите во перспектива за евентуален трет монтажен паркинг. Во меѓувреме, тој простор, рече Ѓорѓиевски, ќе биде среден и поплочен. -Изминатите четири години владееше целосен хаос во Скопје, немаше ред во ниту една смисла и во ниту еден дел одфункционирањето на градот. Во сите средни училишта функционираат одредени бизниси – стопанисуваат луѓе и го реиздавале на трети лица без да имат договор со Град Скопје или со школите. иста била состојбата секаде, дали се работело за инает, за непознавање на материјата или за целосна инетртност во процестие, треба д аутврдат други институции кои ги чешлаат документациите за овие постапки, јас не сум орган што тоа треба да го утврди, има органи што за тоа џемаат плата од народот, но треба и конечмно некој да сноси одговорност. јас сум малку повеќе од 100 дена градоначланик и преземаме сериоозен чекор за решавање на состојбите овде, чекор што некој не го презел 40 години во Скопје, а го наследив буџетот со 300 милиони евра дупка, целосно девастирани јавни претпријатија. Ако се даде силен фокус, се вложите максимално и работите со добар тим, ако ги уредите односите и имате нормална комуникација со сите институции, може да се постигнат резултати и тие се видливи, подвлече градоначалникот. Тој уште еднаш укажа дека во училиштата се прават нови репроценки. -Утврдивме дека губиме околу еден милион евра зашто немаме договори за издавање на објектите, тоа се сериозни средства, толку чини изградба на едно школо, ние треба да градиме угостителско училиште. Некој испуштил можност, од за мене несфатливи причини, тоа да го направиме години наназад. Апсолутно сум свесен дека ништо не почнува од мене, мојата позиција е минлива, но сега имам шанса да воспоставам ред во овој систем и ќе воспоставам. Дали секогаш ќе биде едноставно и брзо, не, потребни се постапки. Во минатото никој не дошол до ваков договор зашто имале други цели – нешто да се уништи за да се даде на приватен инвеститор, за да може некој да профиитра на грбот на граѓаните. Време е да го промениме тој систем на практикување на власта, порача Ѓорѓиевски.