Браун: Во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас
2026-03-28 - 12:14
Актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше, е во процес на распаѓање. ЕУ често во поглед на надворешната политика тешко донесува одлуки, затоа што земјите‐членки понекогаш имаат различни интереси, изјава Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education”, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер. Тој додаде дека во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас. -Затоа е потребно да се зајакнат капацитетите на Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече пред неколку недели дека Европа мора повторно да научи да зборува на јазикот на моќта. Особено во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас. Тоа не значи дека треба целосно да се повлечеме од старите партнерства, туку дека треба јасно да ги формулираме и штитиме нашите интереси – истакна Браун.