САД планираат операција за да ја преземат контролата врз целите нафтени резерви на Иран
2026-03-08 - 20:56
Американската администрација има намера да изврши воена операција со која ќе добие целосна контрола врз нафтените резерви на Иран. Ова го изјави на Фокс њуз директорот на Националниот совет за енергија на САД, Џарод Ајген, кога новинарите го замолија да го процени влијанието на конфликтот на Блискиот Исток врз цените на нафтата. На крајот на краиштата, нема да мора да се грижиме за овие проблеми во Ормускиот Теснец, бидејќи ќе ја земеме целата нафта од „терористите““, изјави Ајген. Активирана елитната американска воздушно-десантна дивизија: Се подготвува ли копнена операција во Иран? Претходно, катарскиот министер за енергија изјави дека цената на нафтата може да се искачи на 150 долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток. Според него, зголемувањето на цената ќе се случи во рок од две до три недели ако танкерите не можат да поминат низ Ормускиот Теснец. Осигурителните компании ги откажуваат полисите за бродовите во Перискиот Залив и Ормутскиот Теснец Оваа недела, Иран објави де факто затворање на Ормускиот Теснец, кој е еден од клучните светски нафтени правци. Иранска гарда: Имаме целосна контрола на Ормутскиот теснец