TheNorthmacedoniaTime

„Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер, кој доби Оскар за најдобар странски филм и „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан вечерва во Кинотека

2026-03-21 - 08:33

Проекција на два филма ќе се одржи вечерва во Кинотеката во Скопје. Во 18 часот ќе биде прикажан „Бумбаровото лето“ во режија на Даниел Кушан, хрватско-српско-македонска копродукција. Еден блесок од небото и таинствен светилник го претвораат обичното лето во незаборавна авантура што ќе ги промени пријателите засекогаш. Терминот во 20 часот е за норвешкиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер кој доби „Оскар“ за најдобар странски филм. Ова е интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потребата од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски. Викенд програма во Кинотека : СЕНТИМЕНТАЛНА ВРЕДНОСТ (Sentimental Value) Режија: Јоаким Триер Земја: Норвешка Година: 2025 Времетраење: 133 минути Проекции: Четврток (19 март) во 20:00 Сабота (21 март) во 20:00 БУМБАРОВОТО ЛЕТО (Bumblebee’s Summer) Проекција: Сабота (21 март) во 18:00

Share this post: