Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
2026-03-22 - 09:14
Специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф оцени дека вчерашните разговори меѓу делегациите на САД и Украина во Мајами за мировно решение биле конструктивни. Во Флорида, делегациите на САД и Украина одржаа конструктивни состаноци како дел од тековните посреднички напори“, објави синоќа Виткоф на платформата Икс. Како што рече Виткоф, разговорите биле фокусирани на „стеснување на опсегот на отворени прашања и нивно решавање со цел да се пристапи кон сеопфатен мировен договор“.
Share this post: