Италија ги повлекува своите војници од Ирак
2026-03-16 - 16:38
Италија донесе одлука да ги повлече своите војници коишто се распоредени во Ирак, објавува „Волстрит џурнал“. Според изданието, официјален Рим постепено ги евакуира војниците од базата во Ербил – од повеќе од 300 војници, околу 100 веќе се вратени во Италија, уште околу 70 се префрлени во Јордан, а околу 140 војници остануваат во базата. Оваа одлука доаѓа откако италијанската премерка Џорџа Мелони порача дека Италија не учествува и нема намера да учествува во американската и израелската воена операција против Иран. Заканите стануваат сè посериозни, а едностраните интервенции извршени надвор од рамките на меѓународното право се множат. Мораме да ја земеме предвид и американската и израелската интервенција против иранскиот режим. Интервенција во која, веднаш и без сомнение велам, Италија не учествува и нема намера да учествува“, изјави Мелони. Иран нападна италијанска воена база во Кувајт