Нова малер за Реал Мадрид, се повреди и Белингам
2026-02-02 - 21:48
На фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, му е дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Според новинарот на „Ел Чирингито“, Хозе Луис Санчез, закрепнувањето на 22-годишниот Англичанец ќе трае околу еден месец. Белингам ја заработи повредата во победата од 2:1 над Рајо Ваљекано во 22-то коло од Ла Лига. Натпреварот се одигра вчера, а фудбалерот беше заменет во 10. минута. Оваа сезона, Белингам одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и четири асистенции.
Share this post: