Ирански воен брод потона во близина на брегот на Шри Ланка, се трага по голем број исчезнати членови на екипажот
2026-03-04 - 14:47
Ирански воен брод со екипаж од 180 лица потона во Индискиот Океан покрај јужниот брег на Шри Ланка, соопштија официјални лица во земјата. Околу 30 лица беа спасени, многумина се исчезнати, пренесува Њујорк Тајмс. Иако причината за потонувањето е непозната, иранската поморска флота е нападната откако САД и Израел започнаа војна против Иран минатиот викенд, насочена кон воениот и безбедносниот апарат на земјата. „Ирис Дена“, опишан како разорувач, пловел надвор од територијалните води на Шри Ланка кога испратил сигнал за помош во 5:08 часот наутро по локално време, изјави министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, пред парламентот на Шри Ланка. Шри Ланка одговори, испраќајќи воени бродови и воздухопловни сили до загрозениот брод. Офицерите од Шри Ланка спасија 32 критично повредени морнари, кои беа однесени во болницата Карапитија, во јужниот крајбрежен град Гале, рече Херат. Потрагата по остатокот од екипажот продолжува, изјави портпарол на морнарицата на Шри Ланка. Полицајците пронајдоа тела како пловат во водата каде што бродот потона. „Не го видовме бродот, но забележавме нафтени дамки и пловила за спасување“, изјави капетанот Будика Сампат, портпарол на морнарицата на Шри Ланка, за време на прес-конференција. Иако инцидентот се случил надвор од водите на Шри Ланка, островската нација одговори во согласност со својата обврска кон меѓународниот договор за поморско пребарување и спасување, рече министерот за надворешни работи. „Ние сме потписници, па затоа интервениравме на хумана основа, што е наша одговорност“, изјавиХерат пред Парламентот. „Ирис Дена“, ценет разорувач во иранската морнарица, учествуваше во меѓународна поморска вежба во Индија минатиот месец.