Уапсен е возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино
2026-03-25 - 10:43
Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Марино, Општина Илинден, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (21), удрило во пешакот О.М. (52), двајцата од Марино. Од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Share this post: