Раде Шербеџија со својот бенд „Западни колодвор“ дојде во Битола на концерт кој донесе силни емоции, поезија, музика и сеќавања
2026-01-26 - 07:41
Синоќа...еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд Западни колодвор, дојде во Битола на концерт кој донесе вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања. Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот, поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи, тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина. Раде Шербеџија ја воодушеви битолската публика со концерт кој го надмина класичниот музички настап. Ќе биде концерт запаметен по песните и стиховите кои зборуваа тивко, но погодуваа длабоко...за љубовта, минливоста, сеќавањето и слободата. Неговиот препознатлив глас и ненаметлива сценска присутност создадоа интимна атмосфера во која публиката стана дел од приказната. Специјални гости на вечерта беа CODE 369