Оштетен руски танкер неконтролирано плови во Медитеранот, може да експлодира во секој момент
2026-03-18 - 15:03
Оштетен руски танкер што носи течен природен гас, напуштен и со голема дупка во трупот, неконтролирано плови во Медитеранот предизвикувајќи стравувања од „голема еколошка катастрофа“. Официјалните лица предупредуваат дека бродот, кој е дел од таканаречената флота во сенка на Русија, може да експлодира во секој момент, објавува Би-би-си. Италијански функционер го нарече танкерот „Арктик Метагаз“ „еколошка темпирана бомба“ што само чека да експлодира. Италија е една од деветте земји на Европската Унија што испратија заедничко писмо до Европската комисија, во кое бараат итна акција. Секретарот на италијанскиот Совет на министрите, Алфредо Мантовано, за Радио 24 изјави дека ризиците се огромни и предупреди дека бродот може да експлодира во секој момент. Извор: МИА