TheNorthmacedoniaTime

Дејан Манасков застана на лудиот камен – се ожени за Билјана, кум беше Гоце Ојлески

2026-02-02 - 21:18

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Билјана Стојановска. По церемонијата во црква и пред матичар, двојката славеше со семејството, пријателите и бројни гости од ракометниот и јавниот живот. Кум на свадбата беше Гоце Ојлески, а меѓу гостите беа и Филип Кузмановски, Столе и Стефан Стоилови. За одличната атмосфера се погрижи и Тамара Тодевска. Од Еурофарм Пелистер и спортската јавност пристигнаа бројни честитки за младенците. Извор: 24Ракомет.мк

Share this post: