Ноќеска големо финале во Индијан Велс Рибакина-Сабаленка
2026-03-14 - 17:37
Казахстанката Елена Рибакина ноќеска ја победи Украинката Елина Свитолина во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД. Во меч што траеше 1 час и 47 минути, 26-годишната Казахстанка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Свитолина сервираше шест аса, направи осум двојни грешки и реализираше две од девет брејк топки. Во финалето, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка. Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари.
Share this post: