TheNorthmacedoniaTime

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ

2026-03-01 - 07:47

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави е убиен, пренесе денеска иранската телевизија. Мусави е убиен во американско-израелските напади врз Иран, јавија локалните медиуми. Претходно денеска, официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана, е убиен во американско-израелските напади врз Техеран. Како што се наведува, главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Пакпур, исто така е убиен, пренесе Ал Џезира.

Share this post: