Краделе струја од трафостаница во Бутел за да копаат биткоини
2026-02-03 - 12:38
Фирма од Скопје нелегално се приклучила на трафостаница и крадела струја за копање биткоини. Штетата, информираат од Електродистрибуција е 16 милиони денари или околу 260.000 евра. Кражбата се случила на улица „Бутелска“ во Скопје каде деловен објект, поранешен млин, бил неовластено приклучен на три нисконапонски кабли во самата трафостаница. Фирмата била опремена со системи со графички картички за копање биткоини, кои ја користеле крадената електрична енергија. Од Електродистрибуција информираат дека со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловниот објект е утврдена тешка кражба на електрична енергија од трафостаница. Полицијата направила записник за неовластено користење, изготвен е наод и мислење од вештак и поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР, а за фирмата е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.