ИДФ проценува дека ќе ги заврши нападите врз речиси целата иранска воено-индустриска база во наредните денови
2026-03-28 - 17:34
Израелските одбранбени сили (ИДФ) проценуваат дека во наредните денови ќе го завршат таргетирањето на речиси сите клучни локации на иранската воена индустрија. Одбранбената индустрија на Иран е обемна, со бројни воени тела и приватни компании кои произведуваат системи за оружје – или компоненти – вклучувајќи балистички ракети, противвоздушна одбрана, поморско оружје, кибер капацитети, па дури и шпионски сателити, пренесе Тајм оф Израел. Израелските воздухопловни сили досега таргетираа илјадници средства на иранската воена индустрија за време на војната, или околу 70 проценти, а ИДФ соопшти дека сега е близу до целта од 90 отсто на клучните локации што се користат за развој на оружје кое е закана за Израел.
Share this post: